Ајварката со помал род, ајварот ќе биде поскап

05.09.2017 10:12

Ајварот годинава ќе биде поскап. Градинарите се жалат на уништениот род од временските непогоди. На пазарот се нудат помали количества на традиционалната ајварка, со повисоки цени од лани.

Порари лошото време кај Куртовската капија, штетите се големи. Жештините и поројните дождови уништија и до 90 проценти од површините на отворено.

Тоа се гледа на полињата, но и пред откупните центри, велат земјоделците. Лани во истиот период на едно место имало и по 20- сетина трактори полни со пиперки за откуп, а сега само по некој продавач и тоа на куртовската капија одгледана под фолија.

За овој проблем земјоделците решението го гледаат во помош од државата и на заедничка средба со откупувачите на индустриската пиперка, на која би се договориле минималните цени по кои ќе се продава родот.

Производителите велат дека ланската година имале полни ниви, но немале добра откупна цена.

Преработувачите лани плаќале од 14 до 16 денари за килограм, а годинава даваат повеќе. Ајварката има добра цена од 20 денари за килограм, но земјоделците немаат многу да понудат.  

 

Методија Трајков