Истече рокот за собирање потписи за независни кандидати за локалните избори
Официјално, за колку независни советнички листи и кандидати за градоначалници ќе се гласа на изборите закажани за 15-ти октомври, ќе се знае откако општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки.

На полноќ истече рокот за собирање потписи за независни кандидати за советници и градоначалници за локалните избори. Според прегледот по општини на ДИК, граѓаните даваа потписи за 48 независни листи за советници и за 27 кандидати за градоначалници.
Официјално, за колку независни советнички листи и кандидати за градоначалници ќе се гласа на изборите закажани за 15-ти октомври, ќе се знае откако општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки. Според роковникот, треба да се потврдат најдоцна до 14-ти септември.
До 9-ти септември на полноќ, пак, трае и јавниот увид во избирачкиот список. Од 21-ви август увид во избирачкиот список направиле над 16 илјади луѓе.
