Косово: Српска листа ќе го поддржи Харадинај за премиер
05.09.2017 11:44
На предвремените парламентарни избори на 11 јуни, Српска листа освои девет од загарантираните десет пратенички места за српската етничка заедница во Косово.

Партијата Српска листа нема да го блокира формирањето на новите институции на Косово. Лидерот на партијата, Горан Ракиќ изјави дека поддржуваат секого кој го има потребниот број во Парламентот на Косово.
На предвремените парламентарни избори на 11 јуни, Српска листа освои девет од загарантираните десет пратенички места за српската етничка заедница во Косово.
Алијансата за Ново Косово на Беџет Пацоли потпиша коалициски договор со коалицијата ПАН така што се очекува да заврши тримесечната блокада за формирањето на институциите.
