Приведен поранешниот израелски министер Сандберг

05.09.2017 12:08

Елиезер Сандберг, кој беше министер за наука во 2003 година и министер за инфраструктура во 2004 година, му е одреден притвор до среда.

Израелската полиција привела поранешен министер и висок советник под сомнение дека се вмешани во корупциска афера поврзана со купување на четири германски подморници.

Елиезер Сандберг, кој беше министер за наука во 2003 година и министер за инфраструктура во 2004 година, му е одреден притвор до среда.

В полиција е задржен и Рами Тајеб, советник на актуелниот министер за енергетика Јувал Стејниц.

Поради повеќемесечниот скандал со германските подморници уапсен е и поранешен висок претставник на израелскиот Совет за национална безбедност чиешто име се држи во тајност.