Нема култура на независнот на медиумите во регионот
Сѐ уште нема култура на независнот на медиумите во регионот- оценка на конференцијата на регионалните регулаторни тела. Агенциите треба да ги контролираат медиумите за да се пласира фер информација до обичниот граѓани. Агенцијата подготвува нова стратегија за развој на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...

Граѓаните треба да имаат пристап до слободни информации преку кои ќе го формираат сопственото мислење. Независните и плуралистични медиуми се значајни за демократските општества, но сѐ уште нема култура на независнот на медиумите во регионот- оценка на конференцијата.
„Знаејќи за историјата на нашите земји би рекла сѐ уште немаме развиено култура на слобода и независнот на медиумите. Тука и самите медиуми треба да си помогнат. Очекувам позитивен финиш во наредниот период“, изјави Елвира Цековиќ, Агенција за електронски медиуми- Црна Гора.
Според бугарската претставничка, работата на агенциите е да го контролираат она што го произведуваат медиумите за да се пласира фер информација.
„Треба да се известува етички, но голем дел го заборавивме тоа. Овде сме и ќе порачаме дека заедно ќе работиме за развој на балканскиот медумски регион“, изјави Марија Стојанова.
Агенцијата ги потикнуваше медиумите да ги применуваат новинарските стандарди и ги заштитуваше интересите на корисниците. Според, Трајчевски новиот Закон за медиуми е спротивен на европските стандаради. Смета дека со укинувањето на радиодифузната такса се влијае на независноста на Агенцијата.
„Во изработката на Законот не сме вклучени, не сме консултирани. Сметам дека тоа е некоја работна верзија која ја подготвува Министерството, логично е да има јавна расправа и да бидат вклучени сите субјекти. Ставот на Агенцијата за укинување на радиодифузната такса и финансирање директно од буџетот- значи тотално рушење на финансиската независност на институцијата и ставање под капа на Владата. Ако постоела таква пракса ќе била применета и во другите европски земји“, изјави Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Во тек е подготовка на Стратегија за развој на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Дијана Ценевска
