Одбиено барањето да се тргне европското знаменце од законот за употреба на јазиците

05.09.2017 12:45

Законот со европско знаменце во Комисијата ќе се рагледува три дена, од ВМРО-ДПМНЕ бараат поширока дебата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат да се тргне европското знаменце од Законот за употреба на јазиците бидејќи, како што велат, со него не се усогласува ниту еден закон поврзан со ЕУ. Од мнозинството не беше прифатен предлогот прво за Законот да заседава матичната комисија.

Законот со европско знаменце во Комисијата ќе се рагледува три дена, од ВМРО-ДПМНЕ бараат поширока дебата.

Со Законот за употреба на јазиците се предвидува во сите државни органи, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, што вршат јавни овластувања, службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо, да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните.

Книжните и кованите пари, како и поштенските марки, согласно законот, ќе содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик.

Двојазични ќе бидат и униформите на полицијата, во општините кадешто живеат 20 проценти Албанци. Во предлог- законот, кој е со европско знаменце, предвидена е глоба во износ од 4 до 5 илјади евра за органите и институциите кои нема да ги почитуваат законските одредбите.

Законот за употреба на јазиците на пленарна седница е на 13-ти септември.