Спасовски во посета на СВР- Охрид

05.09.2017 12:52

При посетата на СВР-Охрид, Спасовски изјави дека полицијата е целосно подготвена за претстојните локални избори...

Безбедносната состојба во охридскиот регион е добра, но треба дополнителен ангажман за спречување на обидите за нејзино нарушување, оцени министерот за внатрешни работи Спасовски. Недостогот на полицајци ќе се решава со нов конкурс и со прераспоредување.

„Состојбата со безбедноста е добра, но треба да се работи за да се подобри во многу аспекти, се со цел граѓаните да бидат задоволни од начинот на работењето на полицијата и од безбедноста во градот и пошироко. Нормално дека еден од клучните проблеми на СВР Охрид е недостатокот на кадар, на полицајци конкретно. Од тој аспект преку конкурсите за нови вработувања и пренасочување на подрачјето на Охрид, да можеме да го подигнеме нивото на безбедност“, рече министерот Спасовски.

При посетата на СВР-Охрид, Спасовски изјави дека полицијата е целосно подготвена за претстојните локални избори, за да овозможи фер и демократска атмосфера.