Земјоделците ги добија субвенциите за лозовите насади

14.02.2014 18:44

Лозарите на својот ден добија наубав подарок, исплата на субвенциите. Денеска празнуваат а утре ќе ги прават пресметките , каде ќе ги трошат парите.

„Во текот на изминатите денови  заклучно со денес  ги исплати сите субвенции за лозовите насади   за околу 12 650 лозари во Република Македонија  исплативме 386 милиони денари.Ова покажува дека Владатa останува доследна на оределбата да го подржува лозарството иземјоделството како носечки гранки“, рече Зоран Ставревски, вице премиер во Владата на РМ

За  голтка  вино, еден грозд. А за добро  грозје е  потребно  и  правилно закројување. Македонија е земја на виното затоа ритуалот на Светитрифунското закројување е празник за производителите и откупувачите.

„Ние сме партнери и со откупувачите  и со земјоделците и како локална самоуправа од година во година  се трудиме да ги подобриме односите и мислам дека оваа година се ќе биде во најдобар ред , рече Ванчо Апостолов, градоначалник на општина Неготино.

На странските пазари се повеќе се бара македонското вино. Минатата година винариите инкасирале околу 50 милиони  евра. Македонија се наметнува на европската винска карта.

„Извозот на вино од година во година расте.минатата година е рекорднма со извезени 885 илјади хектолитри“

Горди на производот со кој многумина се насладуваат, неготинските лозари денеска празнуваа.

„Имаме малку околу два декари,па како е,за минатата година сме задоволни“

„Од откупот сум задоволен ама не и од цената “

„Ние сме од струмичките села дојдовме да видиме како е ама многу убаво е и нартедна година ќе дојдеме“, велат неготинските лозари

Во Неготино традицијата на празнување на Свети Трифун трае седум дена. Годинава покрај едукациите и дегустацијата најзначајна манифестација беше Форумот на унапредување  на винскиот туризам.

Дијана Иванова