Куба: Транзиција за крај на ерата на семејството Кастро
05.09.2017 14:16
До крајот на месецов, кубанците ќе се здружуваат во мали групи преку кои ќе ги предложат своите кандидати за изборите за општински совети, што ќе се одржат на 22 октомври.

Куба го почна петмесечниот политички период на транзиција по кој се очекува да заврши шестдецениското владеење на браќата Кастро.
До крајот на месецов, кубанците ќе се здружуваат во мали групи преку кои ќе ги предложат своите кандидати за изборите за општински совети, што ќе се одржат на 22 октомври.
Во февруари се очекува новото национално собрание во кое функционира еден дом, да избере претседател на државниот совет, како и членови на владата на Куба.
