Ураганот Ирма достигна петта категорија, наредена евакуација
05.09.2017 15:46
Порторико прогласи вонредна состојба и ја активираше националната гарда. 62 илјади луѓе ќе бидат сместени во засолништа.

Ураганот Ирма премина во петта категорија. На Карипските острови е издадено предупредување. Ветерот достигна брзина од 220 километри на час, а Националниот центар за урагани прогнозира и интензивирање во наредните 48 часа, како и поројни дождови.
Порторико прогласи вонредна состојба и ја активираше националната гарда. 62 илјади луѓе ќе бидат сместени во засолништа.
Вонредна состојба е прогласена и во американската сојузна држава Флорида. Делови од Соединетите Американски Држави се справуваат со последиците од моќниот ураган Харви во кој загинаа 60 луѓе.
