Македонците без пратеник во српското собрание!

14.02.2014 18:49

Историскиот успех на последните парламентарни избори, кога Македонците во Србија со ДПМ и лидерот Миле Спирковски имаа пратеничко место нема да се одржи

Македонската заедница во Србија извесно е дека ќе го загубат и тоа малку политичко влијание во законодавниот дом.

-За жал на овие избори ДПМ и македонското национално малцинство во Србија нема да има кандидат ниту пратеник во Собранието на Р.Србија- изјави Миле Спирковски,пратеник и претседател на ДПМ.

 Причините зошто се губи можноста во Собранието Македонците повторно да имаат преставник, кој би се залагал и за малцинските права, Спирковски ги гледа пред се во струите и неединството во партијата.

-Големи проблеми во партијата, тензии, условија да ние останеме без пратеник. Јас се надевам, бидејќи оваа година е изборна година за членови на Гл.ОД. на партијата, дека ќе избереме вистински луѓе кои ќе можат да го преставуваат македонското национално малцинство во Србија. Сакаме да се прошириме со градски одбори и кадровски да зајакнеме, за да бидеме вистински политички репрезент на македонското малцинство во Србија-вели Спирковски.

Тензиите во ДПМ се причина за дилемата на која српска партија ќе и ја дадат гласачката подршка и како политички да преживеат во наредниот период. На последните избори тие коалицираа со СНС! 

Доколку во иднина се обединат македонците во Србија, каде според пописот ги има 23.ооо. или според ОБСЕ 200 илјади, проценките се дека би можеле да освојат повеќе пратенички места.

 

Оливер Бранковиќ постојан дописникј на МРТ од Белград