Светска Банка- Влада: Клучна транспарентноста на јавните финансии
Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра- објави министерот за финансии, Тевдовски. Најави дека буџетското планирање до крајот на годината ќе претрпи измени. Информираше дека е подготвена и предлог- стратегија со мерки за кредибилно управување со јавниот долг. На средбата со претставници на Светска Банка разговарал за ефикасноста на трошењето на јавните финансии...

Управувањето на јавните финансии и ефикасност на јавната поотрошувачка во фокусот. Светската банка порача за да стане земја со високи приходи, Македонија треба реформите да ги фокусира на макроекономската стабилност и одржливост, интеграцијата во глобалната економија, поволно деловно опкружување за инвестиции, раст на приватниот сектор, ефикасни и транспарентни институции. По средбата во Владата ветија дека ќе останат силен партнер во развојот на државава.
„Имавме конструктивна дискусија за Македонија да стане земја со високи приходи. Се заложивне за формирање делотворно партнерство во делот на ефикасно спроведување во насока на економски напредок и просперитет на граѓаните. Разговаравме и за меѓусебно поврзани проекти во кои реформите би можеле да помогнат. Во моментов поддржуваме седум активности од 350 милиони долари во насока на поддржување на општинската, рехабилитација на патната инфструктура, подобрување на вештините и иновативноста на социјалната заштита“, рече Линда ван Гелдер- регионален директор на Светска Банка за Западен Балкан.
Министерството за финанси започна да ги реализита мерките од стратешкиот документ, клучна е транспарентоста на јавните финансии. Со Светска Банка се работи документот за чистење на доспеаните, а неплатени обврски- по средбата изјави Тевдовски. Најави, дека до крајот на годинава ќе се промени среднорочното буџетско планирање, се подготвува нов закон. Ќе се формира фискален совет што ќе го контролира собирањето и трошењето и на буџетските средства.
„Јавниот долг изнесува 4,7 милијарди евра и потребно е да се промени среднорочното буџетско планирање. До крајот на годинава ќе има промени во буџетската рамка со предлог- закон. Во моментов Министерството за финансии работи со Финска и треба да донесеме предлог закон со кој точно ќе утврдиме што да направиме и каде да се движат реформите. Меѓу алатките е и формирање фискален совет што ќе прави анализа и контрола“, рече Драган Тевдовски, министер за финансии.
Стратегијата за следните три години е објавена на сајтот на Министерството за финансиии. За кредибилни јавни финансии според министерот Тевдовски, покрај транспарентноста ќе се подобрува проекцијата на буџетски приходи и расходи, ќе се фокусира на среден рок.
Сузана Фиданска- Стоевска
