Елизабет Јарнолд златна во скелетон
Британката Елизабет Јарнолд гоосвои вториот медал за својата олимписка селекција во Сочи, прв златен...

25 годишната светска јуниорска шампионка и бронзена од мундијалот пред две години, беше супериорна во четирите трки и се закити со драгоценото олимписко злато.
Среброто на САД и го донесе Ноел Пикус Пејс, екс светската првенка и четвртопласина на претходната олимпијада во Ванкувер. Домашните навивачи на „Санки“ центарот во Сочи, имаа повторно причина за славје, откако русинката Елена Никитина се закити собронза.
Eвропската и светска јуниорска шампионкаодлани, го сочува третото место со кое влезе во решавачкото возење и го обезбеди вториот бронзен медал за Русија во овој спорт.
На вечната листа на медали од Олимпијадите во скелетон, Сад водат со 7-6 против Велика Британија и со 3-2 според бројот на златните одличја. Канада остана на четири медали откако третопласираната на светот Сара Рид и бронзената од Торино Мелиса Холингсворт се најдоа на седмото односно 11-то место.
