Продолжува собраниската дебата за Закон за употреба на јазиците
Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи седница на која се расправа за Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.
Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, (албански јазик).
За предлагачот и пратениците од мнозинството, законот е дел од патот на евроатлантските интеграции на Македонија и на никаков начин не го нарушува ниту Уставот, ниту унитарниот карактер на државата.
За пратениците од опозицијата, пак, тој е противуставен зошто, според нив, говори и фактот што се носи со европско знаменце, иако нема никаква европска регулатива со која се усогласува и тој ќе донесе само дополнителни поделби, а не кохезија во општеството.
