Хејли: Ако не се промени нуклеарниот договор, Иран ќе биде иста закана како Северна Кореја

06.09.2017 11:08

Претседателот Доналд Трамп би требало да реши до средината на октомври дали Иран ги исполнува обврските од договорот или ќе треба да бара нови санкции.

Американската амбасадорка во Обединетите Нации, Ники Хејли предупреди дека ако не се промени нуклеарниот договор со Иран, Техеран ќе биде иста закана за САД како што е Северна Кореја.

Претседателот Доналд Трамп би требало да реши до средината на октомври дали Иран ги исполнува обврските од договорот или ќе треба да бара нови санкции.

Врз основа на договорот од 2015 година меѓу Иран и шест светски сили, Техеран треба да ја прекине нуклеарната програма и да дозволи инспекции во замена за укинување на дел од санкциите.