Продолжува расправата за огласот за јавен обвинител

06.09.2017 11:10

Во понеделникот пратениците од опозицијата обвинија дека со постапката за избор на нов Јавен обвинител, парламентарното мнозинство продолжува да го крши Изборниот законик.

Собранието ја продолжува расправата по предлогот за огласување именување на Јавен обвинител. Во понеделникот пратениците од опозицијата обвинија дека со постапката за избор на нов Јавен обвинител, парламентарното мнозинство продолжува да го крши Изборниот законик.

Очигледно е дека врз база на политичката еуфорија беше разрешен обвинителот Зврлевски, сметаат од опозицијата.  Од СДСМ велат не е прекршен Изборниот законик, а тврдењето за апанажа на Зврлевски е по негово барање. Потсетија дека локалните избори што се одржаа во март 2013-та беа распишани на 11-ти јануари, а на 21-ви јануари, Собранието го именува Зврлевски за државен јавен обвинител.

Огласот за избор на нов државен јавен обвинител трае 15 дена од денот на објавувањето во Службен весник.