Брисел: Отфрлена жалбата на Словачка и Унгарија
Судот донесе пресуда дека Унијата има право да им наметне на националните влади да примат бегалци, главно од Сирија, врз основа на претходно дадените квоти.

Судот на ЕУ ја отфрли жалбата на Словачка и Унгарија против европската миграциска политика, потврдувајќи го правото на Брисел да бара од земјите- членки да примаат азиланти.
Судот донесе пресуда дека Унијата има право да им наметне на националните влади да примат бегалци, главно од Сирија, врз основа на претходно дадените квоти.
Програмата беше усвоена со мнозинство гласови од земјите-членки, и покрај спротивставувањето на поранешните комунистички земји, кои инсистираат на тоа дека во нивните општества не можат да интегрираат муслимански мигранти.
Предвидено е преселување на 160 илјади азиланти, од кои досега се преместени само 25 илјади.
