Османи: Планот 3-6-9 е проект на целата држава

06.09.2017 12:49

Планот е рефлексија на приоритетот на Владата да ја врати реформската агенда, односно да ја врати земјата на евроатлантскиот пат и да се насочиме кон европските вредности, вели вицепремиерот за евроинтеграции Османи.

Планот 3-6-9 е проект на целата држава, на општеството во целина, проект на невладините организации. Тој е рефлексија на приоритетот на Владата да ја врати реформската агенда, односно да ја врати земјата на евроатлантскиот пат и да се насочиме кон европските вредности, вели вицепремиерот за евроинтеграции Османи.

Овој процес којшто е од стратешки интерес за државата не може да биде ексклузивен на една влада, на една политичка партија или на една етничка заедница. Тоа е процес на којшто секоја влада или секоја политичка партија има додадено една цигла повеќе на тој пат. И тој процес мора да биде инклузивен и ставен на надпартиско ниво, на надетничко ниво. Целта е да направиме европско општество, целта е да станеме дел од европското семејство, рече Османи.

Потенцира дека целта на Владата беше прво земјата да се врати на евроатлантскиот пат, но и да се тргне условената препорака во последниот извештај на Европската комисија.