Жените во Шуто Оризари од денес добиваат гинеколог

06.09.2017 13:58

Во амбулантата ќе работи д-р Вјолца Мбиара, специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија.

Започнува со работа гинекологот во амбулантата во скопската општина Шуто Оризари, соопшти Министерството за здравство. Во амбулантата ќе работи д-р Вјолца Мбиара, специјалист-гинеколог со долгогодишно работно искуство, меѓу другото, и во американска болница во Албанија.

Конечно во амбулантата во Шуто Оризари ќе работи и гинеколог, со што решивме долгогодишен проблем и обезбедивме континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од oпштината, изјави министерот Таравари.