ММФ прави преглед на македонската економија

06.09.2017 14:01

Тимот на крајот од мисијата ќе објави прелиминарни заклучоци, а ќе изготви и целосен извештај што ќе се дискутира на состанокот на Извршниот борд на ММФ на датум што ќе биде дополнително определен.

Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од предводен од шефот на Мисијата на ММФ за Македонија, Јесмин Рахман, од денеска до 18-ти септември ќе престојува во Скопје со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија, соопшти Канцеларијата на ММФ во Скопје.

Тимот на крајот од мисијата ќе објави прелиминарни заклучоци, а ќе изготви и целосен извештај што ќе се дискутира на состанокот на Извршниот борд на ММФ на датум што ќе биде дополнително определен.

Овие активности се дел од редовните набљудувања на Фондот на сите 118 земји членки.