„Ирма“ стигна на Карибите
„Ирма“ стигна на Карипските Острови. Најмоќниот ураган над Атлантикот во последните десет години веќе поплави неколку области. На архипелагот се очекуваат катастрофални последици. Веднаш зад „Ирма“ над Алтантикот се формира уште една тропска бура...

Ураганот „Ирма“ стигна на Карибите. Први на удар се островите Антигва и Барбуда, а од невремето нема да бидат поштедени ни Порторико и Доминиканска Република. Ураганот од петта категорија е проследен со ветер од 300 км/ч. Некои области се веќе поплавени. Аеродромите ги откажаа летовите, а властите им наредија на цивилите да одат во засолништа. Населението на Карибите со денови се подготвуваше за најавеното невреме. На Бахамите е спроведена историска евакуација. Вонредна состојба е прогласена во Порторико и на Девствените Острови. Мобилизирана е и Националната гарда.
„Ставивме вреќи со песок за да се заштитиме од поплава. Се што можев ставив во фрижидерот. Толку можам, и да се молам за најдоброто иако не изгледа дека ќе поминеме добро“, изјави Брајан Луис. .
„Работиме од 6 часот наутро. Ја покриваме цела област, го чистиме Сан Хуан за да не остане отпад кој во случај на урагнот би повредил некого“, рече Раул Санчез.
„Мора да внимаваме зашто пред неколку дена најавија дека ќе имаме промени во временските услови. Сега е потемно. Првпат гледам вакво нешто. Овде ќе стигне утре, па планираме да се забаракидираме внатре. Пред една година, ураганот ни уништи се. Не сакаме пак да минуваме низ истото.“
По Карипскиот архипелаг, се очекува „Ирма“ да стигне на Флорида во текот на викендот.
„Ураганот Ирма е опасен и и припаѓа на смротносната категорија на бури со силни ветрови. Замислете што ќе се случи ако се движи со 295 км на час. Се прогнозира дека невремето ќе зафати голема територија“, изјави Рик Скот, гувернер на Флорида.
„Се доселив пред седум години. Ми кажуваа дека имаат урагани. Пред пет и пол години преживеав еден. Сега сум поисплашена зашто ќе биде силен. Лошо е и што потрошив многу пари за да купам се што би ми било потребно, наполнив бензин, купив вода, храна. Но што да се прави, мораме да се подготвиме“, вели Сузан Берени, жител на Мајами.
Американскиот Национален центар за урагани ја прогласи „Ирма“ за најсилниот во Атланскиот Океан. Спаѓа во петата категорија и има поразорна моќ од Харви кој ги опустоши Тексас и Луизијана. Во меѓувреме, уште една опасност демне над Атлантикот. Се формира трета тропска бура која набрзо ќе прерасне во уште еден ураган.
Маја Филдишев
