Втор ден комисиска расправа за Законот за јазици

06.09.2017 15:59

Пратениците од албанскиот блок уверуваат- со Законот за јазиците државата нема да се федерализира. Опозицијата не отстапува- ќе се зголеми јазот меѓу заедниците. За мнозинството, темата е вештачки наметната...

Со Законот за јазиците нема да се кантонизира ниту федерализира Македонија, уверуваат пратениците од албанскиот блок партии на вториот ден од комисиската расправа. Според Вејсел Мемети, во политиката потребни се компромиси за одредени теми како оваа за јазиците. Сепак со него не се согласува опозицијата.

Јазот нема да се намали туку ќе се зголеми меѓу заедниците, рекоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Албанската заедница ги гледа само сопствените интереси, а не направиле никаков компромис кога станува збор за останатите заедници рекоа опозициските пратеници.

Според СДСМ, темата за јазиците е вештачки наметната. Никој никому ништо не одзема тврди пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.

Во четврток се затвора комисиската расправа за јазиците која трае три дена поради предзнакот што го носи дека се усогласува со европски регулативи.

Миле Ристески