Собрание

Продолжува расправата за нов Јавен обвинител

06.09.2017 16:04

„Не стравуваме од промената на Зврлевски“ - тврди опозцијата. „Се плашите од правна држава“- одговори мнозинството. Продолжи дебатата за огласот за Јавен обвинител. Остануваат аргументите за и против кршењето на законот во предизборен период...

Опозицијата инсистира да не се дискутира за точката за оглас за нов јавен обвинител и да се одложи по локалните избори. Бараат да се испочитува мислењето на Антикорупциска, сите постапки за разрешување и именување носители на јавни функции да се ставаат во мирување до завршување на изборниот процес. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека целата постапка е незаконска.

Мнозинството со став, опозицијата купува време, не е прекршен ниту еден закон во постапката за разрешување на Зврлевски, ниту пак, при изборот на нов. Стравуваат, велат од она што ќе се случи кога ќе преовладува правната држава.

Марко Зврлевски беше разрешен од функцијата на 17-ти август на предлог на Владата бидејќи, како што објаснија, тој ненавремено, незаконито и недоволно стручно ја извршувал функцијата.

За в.д. јавна обвинителка е избрана Лилјана Спасовска. Огласот за нов јавен обвинител трае 15 дена од денот на објавувањето во Службен весник.  

 

Наташа Гркова- Петрушевска