Македонија прославува 26 години независност
Вечер пред Владата свое обраќање ќе има и премиерот Зоран Заев, а ќе настапат и повеќе музички групи. Утре ќе се положуваат цвеќиња на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред споменикот на ослободителите на Скопје.

„Македонија слободна, слободно живее“ е мотото под кое што денеска почнува централната прослава организирана од Владата на Република Македонија за Денот на независноста на земјата.
Вечер пред Владата свое обраќање ќе има и премиерот Зоран Заев, а ќе настапат и повеќе музички групи. Утре ќе се положуваат цвеќиња на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и пред споменикот на ослободителите на Скопје.
На 8-ми септември 1991-та година беше одржан референдумот за самостојна и независна Република Македонија, за кој се изјаснија над 90 насто од граѓаните во земјата. Македонија за прв пат стана суверена и независна држава.
