„Ирма“ се движи кон Флорида

07.09.2017 09:35

Жртви и повредени во ураганот „Ирма“ на Карибите. Следна на удар е Флорида каде што се евакуриани повеќе области. Уште две бури прераснаа во урагани. „Хозе“ се движи по Мекисканскиот залив, а „Катја“ во Атлантикот.

Неколку лица загинаа откако ураганот Ирма ги погоди Карибите. Бурата од петта категорија го опустоши Барбадос и предизвика штета која се проценува на околу 150 милиони долари. На неколку острови е прекинато снабдувањето со електрична енергија и телекомуникациските услуги. Ветрот достигна брзина од 295 километри на час, а поројните дождови поплавија неколку области. Поради „Ирма“ беше изменета и рутата на авионот со кој се превезува Папата Франциск кој е во посета на Колумбија.

По Карипскиот архипелаг, Ирма му се заканува и на копното на Соединетите Американски Држави. Претседателот Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на Девствените Острови, Порторико и Флорида.

„Властите агресивно се подготвуваат за ураганот Ирма. Сите на Флорида мора да се однесуваат така. Оваа бура не треба да ја дочекате смирено“, изјави Рик Скот, гувернер на Флорида.

Гувернерот на Флорида предупреди дека „Ирма“ е многу посилна од ураганот „Ендру“ кој беше категоризиран како најопасна бура во историјата на полуостровот. Издадена е наредба за евакуација. По Флорида, се прогнозира дека ќе ја погоди и Јужна Каролина.

Ураганот „Ирма“ е најмоќната бура во Атлантикот. Во меѓувреме, уште две бури прераснаа во урагани.  „Хозе“ се движи во Мексиканскиот залив, а „Катја“ во Атлантскиот Океан. 

 

Маја Филдишев