АРМ ќе испука 10 плотуни по повод Денот на независноста
07.09.2017 09:42
Единицата на АРМ во 18 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба...

По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија, денеска ќе биде извршена почесна артилериска стрелба.
Единицата на АРМ во 18 часот од касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба на 10 плотуни од артилериски орудија.
