Тужба за администрацијата на Трамп поради програмата ДАЦА

07.09.2017 12:00

Во тужбата, поднесена во Сојузниот суд во Њујорк, се наведува дека Белата Куќа врши дискриминација на имигрантите од мексиканско потекло, кои се големо мнозинство во таа програма, и оти се кршат уставните права кои забрануваат арбитрарно казнување.

Група од 15 сојузни американски држави ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради одлуката да се укине програмата за амнестија, позната како ДАЦА, а која се однесува на 800.000 лица, кои како малолетници илегално се донесени во САД.

Во тужбата, поднесена во Сојузниот суд во Њујорк, се наведува дека Белата Куќа врши дискриминација на имигрантите од мексиканско потекло, кои се големо мнозинство во таа програма, и оти се кршат уставните права кои забрануваат арбитрарно казнување.

Програмата ДАЦА е прифатена од поранешниот американски претседател Барак Обама, со која е овозможено привремено пролонгирање на депортацијата на речиси 800.000 квалификувани кандидати и им се издадени работни дозволи на две години, со можност за продолжување.