Јужна Кореја: Протести поради ТХААД

07.09.2017 12:33

Во инцидентот се повредени десетици жители и полицајци.

Над стотина демонстранти во јужнокорејскиот град Сеонгју се судрија со полицијата која се обидела да го расчисти патот за да се распоредат четири дополнителни лансери на ракети од американскиот противракетен систем ТХААД.

Во инцидентот се повредени десетици жители и полицајци. Опремата се превезува со десетина американски воени возила кон воздухопловната база Осан, 70 киломерти од Сеул.