Каталонија: Закажан референдум за независност

07.09.2017 13:24

Парламентот во Каталонија го усвои законот за организирање референдум за независност на први октомври. Доминираа покраинските пратеници кои гласаа „за“ независна Каталонија. Мадрид референдумот веќе го прогласи за неуставен.

Каталонскиот Парламент го усвои законот со кој ги официјализира своите планови на први октомври во оваа автономна област да се организира референдум за независност.

Законот е усвоен со 72 гласа „за“ и 11 воздржани, а пратениците кои биле против отцепување на Каталонија ја напуштиле седницата пред гласањето.

Владата во Мадрид претходно го прогласи таквиот референдум за незаконски и најави дека ќе го спречи.