Метео: Променливо време за продолжениот викенд
07.09.2017 13:32
Во попладневните часови ќе настапи зголемување на облачноста, а во крајните западни делови можни се услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утре во Македонија се очекува сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе настапи зголемување на облачноста, а во крајните западни делови можни се услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Во сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.
Во недела се очекува преодно стабилизирање, а од понеделник повторно ќе има нова нестабилност.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
