Средба Иванов- Накане
Претседателот Иванов денеска го прими државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Казујуки Накане.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Казујуки Накане.
На средбата беше изразено задоволство од позитивниот развој на билатералните односи. Претседателот Иванов посочи дека за продлабочување на соработката во сите области за кои постои неискористен потенцијал од двете страни, неопходен е континуиран и поинтензивен политички дијалог, средби и контакти на сите нивоа- соопштуваат од Кабинетот на претседателот.
Македонскиот претседател изразил задоволство од отворањето на амбасадата на Јапонија во земјава.
„Бидејќи политичките односи се развиваат одлично, по отворањето на амбасадата во Скопје очекуваме засилена економска соработка и поголем интерес на јапонските комапнии“, истакна на средбата претседателот Иванов.
На средбата, двајцата соговорници искажаа интерес за севкупно унапредување на меѓусебната соработка на билатерален и мултилатерален план. Двајцата соговорници размениле мислења за стратешките приоритети на двете земји како и за регионалните и меѓународните состојби.
