Социјална вклученост за поголема вработливост

07.09.2017 15:20

Преку советување на млади до еднакви можности за вработување. Целна група се младите од ранливите групи, малолетници, млади без родителска грижа и деца со образовни и социјални тешкотии.

4.000 млади луѓе во земјва се корисници на социјална парична помош, покажуваат податоците. Младите кои се соочуваат со малолетничка правда, младите без родителска грижа и оние со образовни и социјални потешкотии, како и корисниците на социјална парична помош ќе добиваат обука од младински инфо- кариерни центри на локално ниво за полесно да се вработат.

Според истражувањата, дел од младите се невработени бидејќи се без образование, дел се плашат дека ќе ја изгубат социјалната помош што ја добиваат од државата.

Потикнувањето на социјалната инклузија преку зајакнување на вработливоста „Отворена врата – од млади за млади“ е проект кој е поддржан и од државните институции.

 

Наташа Јачиќ