Пад на БДП за 1,8% во вториот квартал
Најголем пораст бележи секторот земјоделство, шумарство и рибарство од 4,1%, додека најголем пад од 17,3% има градежништвото.

Стапката на раст на бруто- домашниот производ за второто тримесечје од 2017 година изнесува -1,8%, соопшти Државниот завод за статистика. Најголем пораст бележи секторот земјоделство, шумарство и рибарство од 4,1%, додека најголем пад од 17,3% има градежништвото.
Финалната потрошувачка на домаќинствата во второто тримесечје номинално расте за 6,0%, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 70,7%.
Истовремено државната статистика соопшти дека во јули годинава се издадени 205 одобренија за градење, што е за петтина помалку во однос на истиот месец лани.
Предвидената вредност на објектите за градење изнесува 1,5 милијарда денари, што е за половина помалку во однос на јули лани. Како инвеститори на две третини од објектите се јавуваат физички лица, а на преостанатите инвеститори се деловни субјекти. 124 објекти се високоградба, 57 се реконструкции, а 24 се нискограба. Предвидена е изградба на 210 станови со површина од околу 20 илјади метри квадратни.
