Јанакиески: Кривична пријава за лична дискредитација

07.09.2017 15:39

Поранешниот министер вели дека по втор пат се поднесува ваква кривична пријава насочена кон негова лична дискредитација...

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, реагираше на последната кривична пријава поднесена против него. Вели дека по втор пат се поднесува ваква кривична пријава насочена кон негова лична дискредитација.

Според Јанакиески, продажбата на становите во државна сопственост била извршена согласно со Законот, наведени во Службениот весник на Република Македонија.

Владата на Заев не направи ништо во Прилеп и затоа кривичната пријава има за цел да го оттргне вниманието на јавноста, реагира Јанакиески.