Собранието донесе одлука за распишување оглас за нов јавен обвинител

07.09.2017 16:33

Предлогот беше подддржан од парламентарното мнозинство со 61 глас „за“, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала.

Собранието во рамки на 12-тата седница донесе одлука за распишување на оглас за именување нов Јавен обвинител. Предлогот беше подддржан од парламентарното мнозинство со 61 глас „за“, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала.

Марко Зврлевски беше разрешен од функцијата на 17-ти август на предлог на Владата бидејќи, како што беше образложено, тој ненавремено, незаконито и недоволно стручно ја извршувал функцијата.

Штом огласот излезе во Службен весник, кандидатите имаат рок од 15 дена да достават апликација. Исто толку дена им стојат на располагање на членовите на Советот на јавните обвинители да се изјаснат позитивно или негативно по однос на доставените документи на секој од кандидатите. Потоа, Владата избира еден од кандидатите за има согласност и го предлага на гласање во Собранието.

Јавниот обвинител се избира со 61 глас. Има мандат од 6 години.