Дебата

Подобрување на квалитетот на образованието

07.09.2017 16:43

Резултатите на учениците од земјава кои учествуваат на меѓународни тестирања се под просекот- ресорната министерка најави ревизија на учебниците, наставниот план, програмите...

Наставникот e пренесувач на знаењето, а ученикот пасивен примател. Во Македонија доминираат традиционалните методи на настави, велат податоците од некои граѓански организации. Во однос на учебниците, покажуваат дел од учениците, сакаат учебници кои се напишани на разбирлив јазик, а на дел од нив не им се доволно јасни. Пренатрупани се со непотребни детали или пак, содржат премалку информации.

Ваквата дебата помага за подобрување на Националната стратегија за основното образование во Македонија, оценува и првиот британски дипломат во земјава.

Неопходен е сериозен пристап поради постојаните и незадоволителни резултати на меѓународните тестирања и досегашната пасивност за нивно менување, смета министерката за образование Треневска- Дескоска. Очекува натамошни активности што ќе водат кон системски промени во образовниот процес.

За некои предизвици во оваа област не треба промена на закон, туку промена на менталниот склоп кон нив, додаде ресорната министерка.

Ана Јосифоска- Тодоровска