ЕУ: Границата меѓу Северна Ирска и Ирска отворена и по Брегзит
Според објавените документи на Еврокомисијата, договорот меѓу Белфаст и Даблин за слободно преминување на граничната линија меѓу Северна Ирска и Република Ирска, според официјален Брисел треба да продолжи ...

Европската комисија ги утврди своите принципи за политичкиот дијалог за Ирска и Северна Ирска во преговорите со Велика Британија за Брегзит.
Според објавените документи на Еврокомисијата, договорот меѓу Белфаст и Даблин за слободно преминување на граничната линија меѓу Северна Ирска и Република Ирска, според официјален Брисел треба да продолжи да биде заштитен и зајакнат во сите негови делови и по повлекувањето на Обединетото Кралство од Европската унија.
Според главниот преговарач на ЕУ со Британија, Мишел Барние, се очекува да се признае и продолжувањето на заедничката патна област.
