Флорида: Прогласена состојба на природна катастрофа

11.09.2017 10:03

Засега се регистрирани три смртни случаи. Граѓаните и бизнисмените можат да се пријават за донација на средства, времени живеалишта, поправка на домовите и заеми со ниски каматни стапки.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи состојба на природна катастрофа во Флорида поради ураганот Ирма. Над 3,4 милиони домови останаа без електрчна енергија, а делови од Мајами се целосно поплавени.

Засега се регистрирани три смртни случаи. Граѓаните и бизнисмените можат да се пријават за донација на средства, времени живеалишта, поправка на домовите и заеми со ниски каматни стапки.

Националниот центар за урагани соопшти дека Ирма преминала во втора категорија, со што го губи статусот на голем ураган.