Северна Кореја со нова закана за САД
11.09.2017 10:14
Вашингтон инсистира Советот за безбедност на Обединетите Нации да гласа за нови мерки, вклучувајќи нафтено ембарго...

Северна Кореја повторно им се заканува на американските власти поради најавата за заострување на санкциите кон Пјонгјанг кој продолжува да ја усовршува и нуклеарната програма.
Вашингтон инсистира Советот за безбедност на Обединетите Нации да гласа за нови мерки, вклучувајќи нафтено ембарго, замрзнување на имотот на Ким Јонг-Ун и забрана за извоз на текстил и исплата на севернокорејските работници во странство.
Кина и Русија не се согласуваат.
