Владините мерки ќе важат за секоја комапнија

11.09.2017 10:38

Вицепремиерот Анѓушев најави дека главните столбови на кои ќе се темели економската политика на новата влада во следниот период се поддршка за сите компании, без разлика дали се странски или домашни, и за инфраструктурата и енергетиката. Подготвена е програма за индустриски раст и зголемување на конкуретноста на македонската економија. Ќе биде објавена идната недела...

Повеќе од десет странски компании ќе инвестираат во земјава, откако владата ги обелодени новите мерки, вели вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев. Мерките не се редуцирачки за странските компании, туку тие се изедначуваат и за домашните, така што ќе важат за сите што ќе дадат придонес за македонската економија, додаде тој.

На македонските граѓани ќе им биде обелоденета кумулативната сума за тоа колку пари биле потрошени од претходната власт за компаниите. Сумата нема да биде поединечна за да не им нанесе штета на компаниите, но од добиените податоци јавноста ќе добие јасни информации за сѐ, тврди Анѓушев.

Компаниите најмногу се пожалиле за бавното враќање на средствата од ДДВ, бавното користење на ИПА фондовите, нереално прикажување на извозот, нелојалната конкуренција како и за висината на казните, изјави министерот без ресор Шапуриќ.

Во следниот период посебно место ќе биде посветено на развојот на енергетиката, изградба на гасоводна и патна инфраструктура, посочи Анѓушев. Тој најави стартување на ефтината тарифа на струјата без нејзино поскапување. Вицепремиерот додаде дека е подготвена програмата за индустриски раст и зголемување на конкурентноста на македонсиката економија, што ќе биде објавена в четврток.

 

Фиљана Кока