Златната Даша
Дарја Домрачева-уште едно име кое ќе остане запишано во историјата на Олимпизмот.

Три дена по освоеното злато во потерата на 10 километри, популарната Даша одново демонстрира солидна прецизност на стрелиштата со 1 промашување, но и одлична техника и брзина во скијачкото трчање за супериорно да стигне и до вториот златен медал во Сочи. Да не биде единствена белоруска бијатлонка на пиедесталот се погрижи нејзината сонародничка Надежда Скардино со освоеното трето место и трет медал за Белорусија. Среброто е за швајцарката Селина Гаспарин која како и Скардино мина без ниту едно промашување на 4-те стрелишта, но и двете ни оддалеку не можеа да го загрозат резултатот на Домрачева која зад себе ги остави повеќе од 1 минута.
Бранителката на златото од Ванкувер и водечката во светскиот куп Тора Бергер одново разочара и на крајот беше 10-та се безмалку 4 минути зад победничката.
