Каталонија: Протести во Барселона поради референдумот

11.09.2017 11:34

Тензиите се засилени откако Уставниот суд го суспендираше референдумот планиран за 1-ви октомври.

Во Барселона преку масовни собири ќе се бара поддршка за референдумот за независност на Каталонија. За протестите е избран симболичен датум, бидејќи на денешен ден во 1714 година, градот преминал под власт на Шпанија.

Тензиите се засилени откако Уставниот суд го суспендираше референдумот планиран за 1-ви октомври. Владејачката коалиција на Каталонија тври дека има универзално право за самоопределување кое е посилно од шпанските закони.

Премиерот Рахој тврди дека барањето е неприфатливо.