Годишнина од терористичките напади во САД
Соединетите Американски Држави ја одбележуваат годишнината од нападите во Њујорк и Пентагон. На 11-ти септември 2001-ва година авиони влетаа во зградите на Светскиот Трговски Центар, Министерството за одбрана и во Шенксвил. Белата Куќа ги обвинува саудијците за нападите.

Соединетите Американски Држави ја одбележуваат 16-годишнината од координираните теротистички напади од 2001 година во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија. Годинашната церемонија е првата во мандатот на претседателот Доналд Трамп.
Во кулите-близначки на Светскиот трговски центар влетаа два авиона ки биле киднапирани и пренасочени од регуларната рута. Во Пентагон се урна третиот авион, а четвртиот заврши во поле во Шенксвил, Пенсилванија.
„Мојата ќерка е крстена по еден од хероините. Благодарна сум на сите кои се дел од овие комеморации. Важно е да се сеќаваме, но и да ги подучуваме идните генерации.“
Во знак на почит за загинатите колеги, противпожарните екипи во Мисури, секоја година изведуваат симболично качување на зградата Џеферсон .
„Секој од нас го прави ова со голема почит и интегритет, и не се откажавме. Правевме паузи, не е лесно, опремата е тешка. Ако некој имаше проблем, други се вклучуваа“, изајви Џо Барклоу, инструктор за спасување.
Во меѓувреме, се појавија нови докази во тужбата против властите на Саудиска Арабија во кои се наведува дека амбасадата на заливското кралство во Вашингтон веројатно ги финансирала пробите за смротносните напади. Според новите документи, две години претходно, двајца Саудијци изведувале пробни летови од Феникс до Вашингтон. Сознанијата им одат во прилог на постојните тврдења дека вработените и агентите од Кралството ги следеле киднаперите. Во групата од 19 мажи, петнаесетмина биле со државјанство од заливската земја. Саудиска Арабија негира вмешаност во теористичките акции.
Маја Филдишев
