Анѓушев: Владата ќе бара трајно решение за проблемите во „Колска“

11.09.2017 14:01

Проблемите на вработените во фабриката за шински возила „Колска“ не се од вчера, всушност овие проблеми се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот, и вработените ќе добијат плата.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се сретна со претставниците на синдикатот на вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, соопшти неговиот кабинет.

Проблемите на вработените во фабриката за шински возила „Колска“ не се од вчера, всушност овие проблеми се со подолг рок и се влечат веќе со години. Владата ќе го реши проблемот, и вработените ќе добијат плата.

Но, во исто време целта на Владата е да се најде трајно и системско решение, со кое фабриката ќе има работа, а вработените навремено ќе ги добиваат своите примања, како и социјално и зравствено осигурување, потенцирал вицепремиерот Анѓушев.