ЗОИ СОЧИ
5-та среќа , за злато, за себе и за Белорусија
14.02.2014 22:20
По 5 обиди,по 5 олимписки настапи без подиум, конечно на 34 години, Ала Тсупер му се израдува на најсјаното Олимписко одличје.

ина скромно, се провлече низ квалификациите, но сето искуство, желба и знаење го преточи во трите финални настапи за првото злато во кариерата. Во возбудливото финале, второто место го освои Ксу Менгтао од Кина која исто така го освои првиот олимписки медал но во вториот настап по Ванкувер, а златната од Канада Лидија Ласила и по 4 години е на пиедесталот , но на најниското место.
Огромниот притисок што вообичаено го носи финалето, но и ризикот со избор на тешки скокови беше прочина за неколку падови меѓу фаворитките како Нина Ли и Ешли Колдвел.
