Македонски компании на најголемиот прехранбен саем во Москва

11.09.2017 14:30

Лани на овој саем биле регистрирани над 70 илјади посетители, а годинава учествуваат македонски производители на свежо овошје и зеленчук и негови преработувачи.

Тринаесет македонски компании учествуваат на најголемиот прехранбен саем во Југоисточна Европа во Москва. Нивниот настап на националниот штанд е организиран од Македонско- руската стопанска комора и е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Лани на овој саем биле регистрирани над 70 илјади посетители, а годинава учествуваат македонски производители на свежо овошје и зеленчук и негови преработувачи.

Освен саемскиот настап, нашите компании ќе имаат средба и со најголемите трговски синџири од Руската Федерација во огромниот деловен центар Фуд Сити.

Стоковата размена меѓу Македонија и Русија годинава заклучно со јули порасна за дури 42% и надмина 132 милиони долари. Нашиот извоз изнесува 30 милиони, а увозот 102 милиони долари, од што најголем дел се енергенси.