Флорида: Прогласена состојба на природна катастрофа

11.09.2017 15:02

Видео снимки од Мајами пред и по ударот на ураганот „Ирма“ покажуваат колкава штета била направена во тој град на Флорида. Целосно поплавени улици, откорнати дрвја, уништени далноводи. Поплавен е и најголемиот аеродром на Флорида. Метеоролозите и натаму предупредуваат од појава на поплави во местата кои се уништени од „Ирма“.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи состојба на природна катастрофа во Флорида поради ураганот „Ирма“. Над 3,4 милиони домови останаа без електрчна енергија, а делови од Мајами се целосно поплавени. Засега се регистрирани три смртни случаи. Националниот центар за урагани соопшти дека „Ирма“ преминала во втора категорија, со што го губи статусот на голем ураган. 

Видео снимки од Мајами пред и по ударот на ураганот „Ирма“ покажуваат колкава штета била направена во тој град на Флорида. Целосно поплавени улици, откорнати дрвја, уништени далноводи. Поплавен е и најголемиот аеродром на Флорида. Метеоролозите и натаму предупредуваат од појава на поплави во местата кои се уништени од „Ирма“.

Европската комисија соопшти дека доделила два милиона евра за земјите од Карибите, кои претрпеа огромни штети од ураганот „Ирма“. Се посочува дека, тоа е само првична помош, како и дека сите земји од регионот можат да побараат европска поддршка. На местото се испратени екипи од Европската унија, кои ги проценуваат штетите. Помошта ќе се искористи за обезбедување чиста вода, здравствена нега и други основни потреби. 

Локалното население и Британците кои живеат на островите кои се британски прекуморски територии, ја обвинуваат владата во Лондон за бавно и несоодветно реагирање на ураганот.

Најтешко се погодени британските Девствени острови, како и островите Ангвила, Туркс и Кејкос. На овие острови се регистрирани петмина загинати. Прекинати се сите комуникации, оштетени се најголемиот дел од патиштата, луѓето се оставени без покрив над главата и засолниште, нема ниту струја, ни вода, а потрошени се и резервите од гориво и храна.

Со осуда за владата на премиерката Тереза Меј се огласија и повеќемина британски пратеници од сите партии, кои обвинуваат за нееднаков треман кон прекуморските територии.

 

Марина Автовска