Вечер со уметничка „нуклеарна бомба“

14.02.2014 22:24

И гледаше пред три години на смртта во очи, сега со широко отворени очи го гледа својот олимписки сон,

17- годишното момче од Јапонија Јазуру Ханју. Тој е освојувач на златниот медал број три поделен во спортската елеганција, уметничкото лизгање. Од нуклеарна катастрофа, Ханју стигна до највредниот со најголема моќ медал.

Беше првиот јапонец кој и донесе на својта земја најблескаво одличје од планетарните собири, сега пишува историја со прво олимписко злато.

Натурализираниот канаѓанец Патрик Чен, се закити со сребтото и својот втор настап на Олимписки игри од 5-тото Ванкуверско место, го претопи во медал.

Момент за национален и олимписки бележник е и бронзата на казахстанецот Денис Тен, кој максималното разочарување од задолжителната вечер го претвори во максимална среќа.

Вредно е да се спомене отсуството на руски лизгачи на домашниот мраз во Сочи, по повредата на Евгениј Плушенко и боикотот на Ковтун главните претенденти за еден од медалите.

Така пиедесталот по Сараево 84-тата за првпат останува без руски лизгач на него.