Презентирана Нацрт- стратегија за реформи во правосудството
Во Охрид презентирана Нацрт- стратегијата за реформа на правосудството со петгодишен акциски план. Со стратегијата се очекува враќање на довербата на граѓаните во судскиот систем, правда за сите и елиминација на практиката за недопирливост на некои високи инстанци.

Системски реформи во областа на правосудството, враќање на довербата на граѓаните во системот, правда за сите, целосно владеење на правото и меритократија во секторот. Тоа се основните принципи предвидени со Нацрт - стратегијата за реформа на правосудството со 5-годишен акциски план што денеска беа презентирани во Охрид. Станува збор за едноставни принципи чија имплементација поради политичката состојба во земјата е крајно компликувана.
„Ги повикувам сите чинители, а особено политичките елитида ги надминеме нашите дневни разлики и да изградиме широк општествен консензус околу овие теми кои допираат до секојдневието на секој граѓанин. Оттаму ги поканувам партиите, особено од опозицијата да ни ја дадат нивната подршкакако во подготовката, така и во носењето на сите идни законски проекти, кои произлегуваат од оваа стратегија“, изјави Билен Саљији-министер за правда.
Стратегијата за реформи во судството меѓудругото предвидува оптимализација на бројот на судовите и судиите, мерки за елиминација на манипулации при распределбата на предметите, избор и разрешување на судии и обвинителиврз основа на мерливи критериуми, елиминирање на праксата за недопирливост на некои од повисоките инстанци во судската и политичката фела.
„Планирано е засилување на позицијата на СЈО во рамки на сегашниот систем на Јавното обвинителство. Надлежноста на СЈО треба да се прошири за да ги опфати сите инстанци на таканаречениот Whitecollar Crime, кривични дела со висок профил на корупција и треба да се репозиционира така што ќе може да ги гони сите минати, сегашни и идни политички елити“, изјави проф. д-р Ана Павловска-Данева, претседателка на работната група.
Со стратегијата се предвидува и поголема вклученост на научната и професионалната јавност во судството, подобри услови за работа, како и намалување на висината на прекршочните казни за граѓаните преку целосна реформа на прекршочниот систем.
Сашо Нелоски
