Интерпелациите за министрите Николовски и Царовска во Собранието

12.09.2017 08:11

Синоќа, Парламентот ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешна политика Никола Димитров, која исто така ја побараа пратениците од опозицијата.

Интерпелациите за работата на министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за труд и социјална политика Мила Царовска, поднесени од пратениците од опозицијата денеска се на дневен ред во Собранието на Република Македонија.

Синоќа, Парламентот ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешна политика Никола Димитров, која исто така ја побараа пратениците од опозицијата. 

Во рамки на 13-тата седница, на дневен ред се два други предлог-закона поднесени од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Станува збор за дополнувањата на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост и на Законот за водостопанство.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог- законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка, поднесен од пратенците од владејачкото мнозинство.